а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

тресне

треснат; треснам, треснеме; треснав, треснавме; треснаа; треснал; (ќе) треснев, (ќе) треснеа; (ќе) треснел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4383
1. (преод.) Силно удри.
Англиски: hit Албански: godit
Примери:
Тресне некого.
Му тресна една шлаканица.
2. (од нешто) Тресне некого или нешто одземи.
Англиски: throw Албански: hedh
Примери:
На крајот кога треснавме од земја, нѐ утешија дека не е толку лошо.
3. За врата, прозорец - затвори со силен шум, со трескање.
Англиски: slam Албански: përplas
Примери:
Ја тресна вратата зад себе.
4. Каже нешто неумесно.
Албански: papërshtatshme
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тресне глупост.
5. (непреод.) Падне со шум, со трескот.
Албански: bie
Примери:
Кога тресна на подот, сите се исплашивме.
6. цркне
Англиски: die Албански: vdiq
Употреба: Преносно значење
Примери:
Да треснеш!
7. За грмотевица, удри.
Англиски: hit Албански: godit
Примери:
Се исплашив зашто многу силно тресна грмотевицата.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК