а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

треба

требаат; требаше; требал; требало, требала; требале
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 41
1. Потребно е.
Англиски: shall Албански: duhet
Употреба: Безлично
Примери:
Треба да знаете.
Не треба да одиш таму.
Така требало да биде.
Не е како што треба.
Така треба.
Така и му треба (нему).
2. Следува; определено е, ред е.
Англиски: must
Употреба: Безлично
Примери:
Кога веќе ве поканија, требаше да дојдете.
Треба да се слушаат родителите.
3. Веројатно е, може, можеби, можно е.
Англиски: must
Употреба: Безлично
Примери:
Судејќи по изгледот и по држењето, овој човек треба да е некој странец.
4. Со кратките форми за индиректен објект од личните заменки.
Англиски: need
Примери:
Ако не ти требам, тогаш што ме викаш.
Знам, вам ви требаат многу пари.
Уште тоа ми требаше.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК