а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

трае

траат; трај, трајте; траев, траеја; траел; траен; траејќи; траење; трајав, трајаа; трајал; трајан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 756
1. Продолжува да суштествува, се извршува, останува определено време.
Англиски: last Албански: zgjat, vazhdon
Примери:
Земјотресот траеше три минути.
Нема тоа долго да трае.
Ништо не трае вечно.
2. Држи, издржува, се запазува подолго време.
Англиски: expire Албански: qëndron
Примери:
Овие продукти не траат многу, треба што побргу да се продадат.
3. трпи, поднесува
Англиски: endure Албански: duroj, baj
Примери:
(поет.) Гледаш, траеш, младост ти е мила.
Овде не се трае од горештина.
(разг.) Кожа не го трае.
4. ќути, молчи
Англиски: silence Албански: hesht
Примери:
Не е мачно да се трае.
Нека јаде, нека трае.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК