а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

толку

толкуте
Вид збор: Прилог
Ранг: 65
1. Колку една покажана, определена количина, мера, степен.
Англиски: that much
Примери:
Колку имам толку ти давам.
Јас не сум толку слаб колку него.
2. Мошне многу, во голема мера.
Англиски: so much
Примери:
Толку години те чекав.
Толку пари има а сиромашки живее.
Се сакаат толку што никој не може да ги раздели.
Зошто покрај толкуте големи гајлиња го фати инает човекот, па малку не чекаше.
3. До таа мера, до тој степен.
Англиски: so
Примери:
Тој е толку добар.
Толку сакам да го видам.
Не толку.
Добар е, но не толку.
Не толку многу.
колку-толку
Толку и толку.
И толку (тоа е се, готово).
Толку побргу.
Толку подобро, полошо.
колку... толку
Колку побргу толку подобро.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК