а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

токму

Вид збор: Прилог
Ранг: 183
1. баш
Англиски: exactly
Примери:
Токму тоа сакав да го кажам.
Токму тогаш.
Ти стоеше токму до него.
2. точно
Примери:
Дојде токму на време.
Токму пред една година.
3. (за човек) нормален
Англиски: normal
Примери:
Тој човек не е токму.
Токму човек.
4. исто, рамно
Англиски: equal
Примери:
Итриот и будалата се токму.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК