а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

тоа

Види и: тој (зам.)
Вид збор: Заменка
Ранг: 57
1. За истакнување, за потсилување.
Англиски: this Албански: ky, kjo
Употреба: Народна поезија
Примери:
Ми изгоре тоа бело лице.
Тоа дете, тоа место.
2. Во прилошки изрази со именки за време.
Англиски: this Албански: atë,ajo
Примери:
тоа утро
тоа лето
3. Обопштува и означува нешто за што се зборувало или се зборува.
Англиски: this Албански: ky,kjo, këto, atë, saj
Примери:
Тоа ми го рече.
Тебе тоа не ти личи.
Тоа не е чесно.
Јас и не помислив на тоа.
Тоа и тоа.
4. При претставување, узнавање, сознавање, откривање на некого или нешто.
Англиски: this Албански: ky
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Тоа е неговата жена.
Тоа се моите најдобри пријатели.
А тоа се, значи, оние книги што ги препорачувавте.
5. Во некои изрази.
Англиски: this Албански: ky
Примери:
И тоа.
И тоа ти било работа! - озгора на тоа, на тоа згора.
Тоа е она! - при тоа
(И) покрај тоа.
освен тоа
поради тоа
Заради (за) тоа.
И без тоа.
6. Лична заменка за 3 л. еднина, среден род.
Англиски: it Албански: ai, ajo
7. непримарна, афективна употреба
Примери:
Сето тоа го направила од инает.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК