а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

тепа

(се) тепаат; тепал; тепан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1411
1. Удира, нанесува удари, бие.
Англиски: beat Албански: rrah, godas
Примери:
Најде едни деца што тепаа едно куче.
Ни ја карам, ни ја тепам.
Ем да се караме, ем да се тепаме и тоа љубов ли е?
2. убива, отепува
Англиски: kill Албански: mbytë
Примери:
Не си ти за никаква работа, оди тепај муви.
3. (преод. и непреод. се употребува и како св.) победи, победува, надвие, надвива
Англиски: defeat Албански: mund, ngadhnjej
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во овој натпревар ние ќе тепаме (ќе победиме).
На свој терен тие секогаш нѐ тепаат.
Го тепавме непријателот.
Во последните борби секогаш ние тепавме.
4. (се тепа) се бие
Англиски: fight Албански: rrihem, luftoj
Примери:
Нашите војници храбро се тепаа со непријателот.
Еј, деца, немојте да се тепате.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК