а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

суши

сушат; сушел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3253
1. Прави нешто водено, влажно, сурово да стане суво; одведува вода.
Англиски: dry Албански: thaj, teri
Примери:
Ги испра кошулите и сега ги суши.
Младинците го сушеа мочуриштето.
2. Отстранува влага од растенија, плодови и сл. и ги прави годни за храна.
Англиски: cure Албански: thaj, teri
Примери:
Селанцот го сушеше сеното пред колибата.
Суши месо.
Суши овошје.
Суши риба.
3. (само во 3 л.) Прави нешто да стане премногу суво.
Англиски: dry Албански: terë
Примери:
Ветрот ми ја суши кожата.
Радијаторот го суши воздухот.
Лекот ми го суши грлото.
4. Прави некого слаб.
Англиски: weaken Албански: terë, thaj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Болеста сè повеќе го сушеше.
5. Прави некого или нешто да стане суво, сиромашно.
Англиски: make poor Албански: varfëron
Употреба: Преносно значење
Примери:
Интервенцијата негова ми го сушеше текстот.
6. (се суши, само во 3 л.) За нешто водено, влажно, сурово: станува суво.
Англиски: dry Албански: thahet, teret
Примери:
Дрвата се сушеа од жешкото сонце.
7. (се суши) Суши на себе водена облека.
Албански: terë
Примери:
Еве се сушам на сонцево.
8. (се суши, само во 3 л.) За растенија, плодови; се засушува.
Англиски: cure Албански: teret
Употреба: Гастрономија
Примери:
Сливите се сушеа на покривот на куќата.
9. (се суши) ослабува
Англиски: weaken Албански: thahet, dobësohet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Болеста ме скова на постела и сè повеќе се сушам.
Изрази
(разг.) Суши просо на ортома.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК