а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

стркала

стркалаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5819
1. Помине растојание со тркалање.
Англиски: roll Албански: rrokullis
Примери:
Го стркала каменот в река.
Ја стркала топката во тревата.
2. (се стркала) Падне со тркалање.
Англиски: roll Албански: rrokulliset
Примери:
Се стркала кон дрвото.
Солзи се стркалаат низ образите.
Дајрето се стркала по калдрмата.
Изрази
Се стркалало грнчето, си го нашло капачето - се нашле еден спроти друг.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК