а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

страна

мн. страни
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 100
1. Пространство, место што се наоѓа оддесно или одлево, однапред или одзади на нешто.
Англиски: side Албански: anë
Примери:
По едната страна на мостот.
Од горната страна на селото.
На левата страна на улицата.
Од една страна... , од друга страна.
Од моја страна. Од сите страни.
Од страна на некого.
2. правец
Англиски: direction Албански: drejtim
Примери:
Се растурија на разни страни.
3. Една од површините на нешто.
Англиски: page Албански: faqe
Примери:
Од оваа страна е лицето.
насловна страна
Отворете на петта страна.
4. Во геометријата - права линија што заградува геометриска фигура.
Англиски: side Албански: anë
Примери:
страните на триаголникот
5. Четирите страни на светот.
Англиски: side Албански: anë
Употреба: Географија
Примери:
источна страна
северна страна
6. особеност, црта
Англиски: characteristic Албански: karakteristikë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Уметничката страна на текстот.
Неговите добри и лоши страни.
7. гледиште, став, становиште
Англиски: aspect Албански: pikëpamje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Од политичка страна тоа е исправно.
8. мера: 1/2 товар
Албански: masë
Употреба: Разговорно
Примери:
Товар дрва изгорела / страна борина исцепила.
9. земја, држава
Англиски: country Албански: shtet
10. Секоја одделна страница на една книга, тетратка, нотес, весник и др.
Англиски: page
Примери:
Задачите за домашната работа се на 80 страна.
Изрази
(разг.) Влече на своја страна - сака да биде по неговото.
Другата страна на медалот - друг поглед на работата.
Шара со очите на четириесет страни.
Тој е на негова страна - го поддржува.
Тоа му е слабата страна - слабост.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК