а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

стопи

стопат; стопил; стопен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3216
1. Доведе во состојба на течност.
Англиски: melt Албански: shkrihet
Примери:
Сонцето го стопи брзо снегот.
2. сосипе, истошти, уништи
Англиски: exhaust Албански: shter
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го стопија мислите по неа.
3. Направи нешто да исчезне, испари.
Англиски: disappear Албански: zhduket
Употреба: Преносно значење
Примери:
Вестите му ги стопија надежите.
4. (се стопи) Стане течен.
Англиски: melt Албански: shkrihet
Примери:
Веќе се стопи снегот.
5. (се стопи) се сосипе, се уништи, се истошти
Англиски: exhaust Албански: shter
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се стопи од мака.
6. (се стопи) исчезне, се испари
Англиски: disappear Албански: zhduket
Употреба: Преносно значење
Примери:
Дури тогаш се стопија неговите желби.
7. (се стопи) се соедини, се сврзе, се измеша
Англиски: assimilate Албански: përvetësoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тие набргу се стопиле со Словените.
8. (се стопи) се истави
Албански: shkrij
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Многу мрзливо се стопи на столчето.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК