а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

стока

мн. стоки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1488
1. Продукт на трудот, особено подвижни предмети, наменети за размена.
Англиски: goods, commodity Албански: mall
Употреба: Економија
Примери:
Нашите трговци оделе по стока во сите поголеми градови во Европа.
индустриска стока
стока за широка потрошувачка
увоз, извоз на стока
Си ја познава стоката.
Што стока!
2. добиток
Англиски: cattle Албански: bagëti, kafshë
Употреба: Земјоделство
Примери:
јадра и ситна стока
Изрази
(посл.) Убавата стока сама се продава.
Што стока е овој човек?
(разг.) Не е стока ни тој.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК