а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

стигне

стигнат; стигни, стигнете; стигнав, стигнаа; стигнал; стигнеше; стигнев, стигнеа; стигнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 458
1. Се израмни со некого што се движи во ист правец, настигне.
Англиски: reach Албански: takoj
Примери:
Го стигнав кај воденицата.
2. Се израмни со некого по број, положба и сл.
Англиски: equal Албански: barazoj
Примери:
Тој верува дека го стигнал Шекспира.
3. Дојде во определено место.
Англиски: arrive Албански: arrij
Примери:
Утре ќе стигне брат ми.
4. Дојде до некоја граница.
Англиски: reach Албански: arrij
Примери:
Гледате и самите до каде може да стигне неговата грубост.
5. Дојде до нешто.
Англиски: reach Албански: arrij
Примери:
Косата му стигнала до ушите.
6. (само во 3 л.) доволно е
Англиски: suffice Албански: mjaftueshëm
Примери:
Ако нешто не ти стигне...
Јадењево нема да ни стигне.
7. дофати, погоди
Англиски: reach Албански: arrij
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го стигнаа клетвите нејзини.
8. Добие дете.
Англиски: bear Албански: lind
Употреба: Архаизам
Примери:
Девет синови стигнала.
Таа му стигнала машко дете.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК