а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

стесни

стеснат; стеснал; стеснет
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 11771
1. Направи нешто да стане потесно.
Англиски: narrow Албански: ngushtoj
Примери:
Ми ги стесни панталоните.
Со своето држење, тој го стесни кругот на пријателите.
Плоштадот стеснет во бронзени окови.
2. Ограничи слобода, права и сл.
Англиски: restrict Албански: kufizoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Законот му ги стесни овластувањата.
3. Збере повеќе луѓе на едно место.
Англиски: crowd Албански: mbledhi
Примери:
Неговото враќање од војска уште повеќе нѐ стесни во куќата.
4. (се стесни) Стане потесен.
Англиски: narrow Албански: ngushtohet
Примери:
Се стесни облеката.
Се стесни кругот на посетителите.
5. (се стесни) се збие, се стисне
Англиски: crowd Албански: shtyp
Примери:
По женидбата многу се стеснивме.