а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

степен

мн. степени
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3157
1. стапало на развитокот
Англиски: level Албански: shkallë
Примери:
степенот на продуктивноста на трудот
степенот на културата на еден народ
степенот на способноста, надлежноста
(разг.) во најголем степен
до извесен степен
до таков степен
2. односот на сродството
Англиски: degree Албански: brez
Примери:
роднини од втор степен
3. ранг во службата, научно звање
Англиски: degree Албански: gradë
Примери:
Тој постигна висок степен во службата.
академски степен
степен на доктор
4. Ред, категорија на некое одликување.
Англиски: category Албански: gradë
Примери:
Орден на ослободувањето од втор степен.
5. Единица за мерење на температурата на телата.
Англиски: degree Албански: gradë
Употреба: Физика
Примери:
десет степени под нулата
6. Во геометријата - единица за мерење агли: 1/360 дел од круг.
Англиски: degree Албански: gradë
Употреба: Математика
Примери:
под агол од 90 степени
7. Резултатот од множењето на еден број со самиот себе.
Англиски: power Албански: fuqi
Употреба: Математика
Примери:
втор степен на бројот два
8. Споредување на придавките или кај некои други видови зборови при означување особина или својство.
Англиски: degree Албански: shkallë
Употреба: Граматика
Примери:
втор споредбен степен - компаратив
Изведенки
степен ж.
(ретко)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК