а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

стапка

мн. стапки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2364
1. Едно помрднување на нозете.
Англиски: step Албански: hap
Примери:
Направи неколку стапки и се врати.
Се слушаа стапки по скалите.
(разг.) Ги направи првите стапки.
На секоја стапка.
Стапка по стапка.
2. Како мера; растојанието колку што изнесува еден чекор.
Англиски: pace Албански: hap
Примери:
Тоа се случи тука, на неколку стапки од него.
3. Определен начин на одење.
Англиски: march Албански: marshim
Примери:
војничка стапка
4. трага (од чекори)
Англиски: footprint Албански: gjurmë
Примери:
стапки во снегот
5. Трага од стапнување со нога.
Англиски: trace Албански: tragë, gjurmë
Примери:
Избега, но остави стапки зад себе.
(разг.) Го следи в стапка.
Му оди по стапките.
6. Одење постојано по некого; следење, гонење.
Англиски: chase Албански: ndjekje
Примери:
Му ја следеше секоја стапка.
7. пример
Англиски: example Албански: shembull
Примери:
Ги следи неговите стапки.
8. Во литературата - ритмична единица на стих.
Англиски: rhyme Албански: ritëm
Употреба: Литература
Примери:
стапка јамб
9. економска единица
Англиски: rate Албански: normë, tarifë
Употреба: Економија
Примери:
каматна стапка
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК