а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

среже

срежат; срежи, срежете; срежав, срежаа; срежал; срежан; (ќе) срежев, (ќе) срежеа; (ќе) срежел; срежен
Вид збор: Глагол, свршен
1. Оддели со нешто што реже.
Англиски: cut off Албански: pres
Примери:
Ги срежаа гранките.
2. убие
Англиски: kill Албански: vras
Употреба: Преносно значење
Примери:
Му ја срежа главата.
3. Скрати, намали размерите на нешто.
Англиски: cut Албански: pres
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Ни го срежаа буџетот.
4. Грубо прекине некого.
Англиски: cut off Албански: pres
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не може да истрпи, сега ќе го среже.