а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сребро

(едн.) среброто
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 3840
1. Благороден метал со бела боја и блесок.
Латински: Argentum (Ag) Англиски: silver Албански: argjend
Употреба: Хемија
Примери:
чисто сребро
Рудник за сребро.
(разг.) живо сребро
2. Изработки од овој метал.
Англиски: jewelry Албански: stoli
Примери:
Накитена со сребро.
3. Сребрени пари.
Англиски: silver Албански: argjend
Примери:
Ќуп со сребро.
Полн џеб сребро.
4. Нешто што прилега на бојата или блесокот на овој метал.
Англиски: shine Албански: shndrit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Месечината истури сребро.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК