а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

спрепне

спрепнат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 39428
1. Подметне нога на некој во одење.
Англиски: stumble Албански: pengoj
Примери:
Зошто го спрепна детето?
2. Падне одејќи преку некој предмет.
Англиски: stumble Албански: bie
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ме спрепна каменот.
3. попречи
Англиски: hinder Албански: pengoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Само тој да не ме спрепне.
4. (се спрепне) Запне на нешто со нога при одење, трчање.
Англиски: stumble Албански: pengoj
Примери:
Се спрепна на камен.
5. (се спрепне) Сретне пречки во нешто.
Англиски: stumble Албански: pengoj
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Се спрепна на испитот.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК