а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

спои

спојат; спој, спојте; споив, споија; споил; споен; споев, споеја; споел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4129
1. Сврзе едно нешто со друго со некаква спојка, закрепи.
Англиски: join Албански: lidh
Примери:
Ја споија зградата со нов отпорен ѕид.
2. Установи врска меѓу нешто.
Англиски: connect Албански: lidh
Примери:
Го спои селото со градот.
3. Сврзе истовремено едно со друго.
Англиски: link Албански: lidh
Примери:
Ја спои теоријата со практиката.
4. (се спои) Се сврзе, се слее едно нешто со друго.
Англиски: join Албански: lidh
Примери:
Колосеците се споија во еден.
5. (се спои) Се сврзе со некои односи.
Англиски: join Албански: lidh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се споија со брак.
6. (се спои) Добие врска со нешто.
Англиски: connect Албански: lidhje
Примери:
Со мостот се споија селата од двете страни на реката.
Изрази
Се спои небото и земјата - настане силно невреме.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК