а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

софра

мн. софри
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2533
1. Ниска тркалезна маса за хранење.
Англиски: table Турски: sofra Албански: sofër
Употреба: Гастрономија , Разговорно
Примери:
Ја ставија софрата и седнаа да вечераат.
На Бадник сите се собиравме околу софрата.
полна софра
2. јадење, храна
Англиски: food Турски: sofra Албански: sofër, ushqim
Употреба: Гастрономија , Преносно значење
Примери:
Богата софра.
Не чини да се лутиш на софрата.
Изрази
На ставена софра.
Изведенки
софричка ж.
мн. софрички
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК