а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сопирачка

мн. сопирачки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 18989
1. Устројство за сопирање, за прекратување на движењето на некоја машина.
Англиски: brake Албански: fren
Употреба: Технологија
Примери:
воздушна сопирачка
рачна сопирачка
ножна сопирачка
Внимавајте на течноста во сопирачките.
2. Пречка во нешто.
Англиски: obstacle Албански: pengesë, fren
Употреба: Преносно значење
Примери:
сопирачка на развојот
сопирачка на изградбата
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК