а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

соочи

(се) соочат; соочив, соочил, соочеле, соочивте; соочен; соочени
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2544
1. Доведе лице в лице со некого или нешто.
Англиски: face Албански: ballafaqoj
Примери:
Кога судот го соочи со доказите, тој призна.
2. (се соочи) Се сретне со некого по некој повод.
Англиски: meet Албански: ballafaqohem
3. (се соочи) Не се повлече пред некого или нешто.
Англиски: face Албански: ballafaqohem
Примери:
Се соочи со опасноста.
4. (се соочи) Се најде пред нешто, пред некој проблем, тешкотија, итн.
Англиски: face Албански: ballafaqohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се соочивме со сериозни проблеми.
Штом ќе се соочеле со некое јато китови, екипажот на бродот ги исфрлал бурињата.
Изрази
Се соочува со вистината - ја прифаќа реалноста.
Изведенки
соочување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК