а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

солен

солени
Вид збор: Придавка
Ранг: 5377
1. Кој содржи сол, наситен со сол.
Англиски: salted Албански: i kripur
Примери:
солени извори
солени езера
солено море
2. Приготвен со сол, кој има вкус на сол.
Англиски: salty Албански: i njelmët
Употреба: Гастрономија
Примери:
солено јадење
многу солен леб
3. Конзервиран со сол.
Англиски: pickled Албански: i konzervuar me krip
Примери:
солени риби
солена сланина
4. Кој излегува скапо.
Англиски: expensive Албански: i shtrenjtë, çmim i kripur
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Малку е солен овој штоф.
Му излезе солено.
5. Што се однесува на сол.
Англиски: hydrochloric Албански: kripe
Употреба: Хемија
Примери:
Солна киселина - HCl.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи