а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

создаде

создадат; создај, создајте;создадов, создадоа; создал, создадовме; (ќе) создадев, (ќе) создадеа; (ќе) создадел; создаден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 717
1. Изработи, направи нешто што го немало порано, осигури нешто.
Англиски: create Албански: krijon
Примери:
Кога е создадена земјата.
Создадовме нов живот.
Создадоа задруга.
Ќе создадат добар колектив.
Создаде услови за работа.
Создадоа мислење.
2. Изработи дело на уметноста, културата.
Англиски: create Албански: krijon
Примери:
Создаде дела од трајна вредност.
Создаде популарно дело.
3. Стане причина, придонесе да се појави нешто.
Англиски: produce Албански: krijon
Примери:
Му создаде непредвидени тешкотии.
Ми создаде грижи.
4. Определи во основните црти; состои се од некои особености.
Англиски: predestine Албански: i krijuar
Примери:
Човекот е така создаден.
Времето го создало таков.
Создаден е со големи недостатоци.
Како за тоа да е создаден.
5. (се создаде) изникне, се појави
Англиски: create Албански: u krijua
Примери:
Се создаде тешка ситуација.
Се создаде мислење.
Тоа допрва ќе се создаде.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи