а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

соедини

соединат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8550
1. Сврзе едно со друго со помошта на нешто.
Англиски: tie Албански: lidh
Примери:
Ги соедини цевките.
2. Установи врска со нешто.
Англиски: connect Албански: lidh
Примери:
Ги соединија езерата со канал.
3. Смеша, приведе во хемиско заемно дејство.
Англиски: merge Албански: përziej
Употреба: Хемија
Примери:
Соедини ги боите.
Соедини водород со кислород.
4. Собере заедно, обедини.
Англиски: unify Албански: mbledh
Примери:
Да ги соединиме силите.
5. (се соедини) Се сврзе, се слее едно со друго.
Албански: lidh
Примери:
Се соедини водата околу куќата.
6. (се соедини) Добие врска.
Англиски: connect Албански: lidh
Примери:
На тој начин, со каналот, се соединија реките.
7. (се соедини) Стапи во хемиско заемно дејство.
Англиски: react Албански: reagoj
Употреба: Хемија
Примери:
Се соединил кислородот со водородот.
8. (се соедини) Образува целост, се обедини.
Англиски: unify Албански: bashkoj
Примери:
Се соединија двете партии.
Се соединивме во една држава.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК