а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

совлада

совладаат; совладал; совладан
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2082
1. Надвие во борба.
Англиски: defeat Албански: mposht
Примери:
Го совлада лесно непријателот.
2. Се справи со пречки, надвие тешкотии и сл.
Англиски: overcome Албански: tejkaloj
Примери:
Успеа да ги совлада сите пречки.
Совлада тешкотии.
3. За чувство - обузди.
Англиски: contain Албански: mposht
Примери:
Го совлада гневот.
Ќе го совлада и стравот.
4. обземе, опфати
Англиски: overcome Албански: kaploj
Примери:
И него го совлада сонот.
5. извежба, изучи
Англиски: exercise Албански: ushtroj, mësoj
Употреба: Образование
Примери:
Го совлада целиот материјал.
Ги совладал сите елементи на техниката.
6. (се совлада) се обузда
Англиски: restrain Албански: përmbahem
Примери:
Не можеше да се совлада.
Се совлада и не одговори.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК