а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

собори

соборат; соборил, собориле
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 12751
1. Со удар направи нешто да падне.
Англиски: knock down Албански: rrëzoj
Примери:
Ги собори сите предмети од полиците.
2. При борење, борба - кутне на земја.
Англиски: wrestle down Албански: rrëzoj
Употреба: Спорт
Примери:
Не можеше никако да го собори противникот.
3. Направи да падне со истрел.
Англиски: shoot down Албански: rrëzoj
Примери:
Пукаше по мечката и успеа да ја собори.
4. Сруши, урне зграда, нешто изѕидано.
Англиски: demolish Албански: demoloj
Примери:
Го соборија ѕидот.
5. За болест, сон - овладее некого.
Албански: sundoj
Примери:
Болеста го собори в постела.
6. Урне власт.
Англиски: bring down Албански: rrëxoj
Примери:
Го собориле царот.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК