а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сними

снимат; снимил, снимила; снимен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4775
1. Забележи со средствата на фотографијата.
Англиски: photograph Албански: fotografoj
Примери:
Го сними разурнатиот град.
Ги сними децата.
Го снимија целиот натпревар.
Како е возможно ниту една камера од државното обезбедување да не снимила ама баш ништо?
2. Забележи на магнетофон.
Англиски: record Албански: regjistroj
Примери:
Го снимија нашиот разговор.
3. Направи филм, забележи на филмска лента.
Примери:
Филмот го снимија со најсовремена техника.
Првиот филм го сними како гимназијалец.
4. Одигра улога во филм.
Примери:
Во текот на кариерата сними многу филмови.
5. Пресними, стави на лента.
Примери:
Го снимив филмот што синоќа се емитуваше на телевизија.
Концертот го сними на видеолента.
6. Направи магнетофонска снимка, забележи на магнетофон, диктафон и сл. само звук, глас.
Примери:
Радио Скопје ги сними првите народни песни.
Таа го сними првиот музички албум.
7. Направи рендгенска снимка.
Примери:
Татко му го снимија на рендген, но ништо не му најдоа.
8. Заштити документ при работа со компјутер.
Примери:
Го снимам секој документ на дискета.
Ја снимив најновата антивирусна програма.
9. Будно следи нешто; тајно, премногу внимава што се случува, зборува и сл.
Примери:
Сѐ снима што се случува.
Таа молчи и снима што се зборува.
10. (се сними) се фотографира
Примери:
Се снимивме со неговиот апарат.
11. (се сними) Си направи снимки со камера.
Примери:
Се снимавме за роденденот на брат ми со мојата камера.
12. (се сними) Си направи рендгенска снимка.
Примери:
Два пати се снимаше на рендген.
13. (се сними) Се забележи на магнетофон.
Англиски: record Албански: regjistroj
Примери:
Можеше да се сними и да се чуе.