а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

снег

мн. снегови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 434
Врнеж од мали бели кристали; маса од такви кристали што покрива некое пространство.
Англиски: snow Албански: borë
Примери:
Врне снег.
Паѓа снег.
Вее снег.
грутка снег
првиот снег
Го засипа со снег.
дебел слој снег
(разг.) Бел како снег.
Изрази
Го жали (љуби, сака) како снегот лански - воопшто не се грижи за некого или за нешто.
Изведенки
снеже ср.
мн. снежиња
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК