а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

смири

смират; смирил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 833
1. Направи некој да стане мирен.
Англиски: appease Албански: qetësoj
Примери:
Никако не можеше да ги смири децата.
2. Приведе во спокојна состојба, отстрани она што внесува немир.
Англиски: calm Албански: zbut
Примери:
Разговараше и го смири малу несреќникот.
3. Подобри или прекрати некоја болка.
Англиски: calm Албански: lehtësoj
Употреба: Медицина
Примери:
Тоа ми ги смири нервите.
4. Прекрати состојба на караница.
Англиски: quieten down Албански: qetësoj
Примери:
Успеа да ги смири скараните.
5. (се смири) Стане мирен, се скроти.
Англиски: calm down Албански: qetësoj
Примери:
Се смирија најпосле учениците.
6. (се смири) Стане спокоен, задуши неспокојство.
Англиски: calm down Албански: qetësoj
Примери:
Се смири малку кутрата жена.
7. (се смири) Ослаби, стивне; стане неподвижен.
Албански: dobësoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ми се смирија болките.
Се смири морето.
8. (се смири) се измири
Албански: qetësoj
Примери:
Се скараа и пак се смирија.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК