а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

смести

сместат; сместил; сместен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1193
1. Положи, постави, прибере нешто, обично во ограничено пространство.
Англиски: store Албански: vendos
Примери:
Ги сместија стоките во магацините.
2. Најде место некому, обично, во болница, училиште и сл.
Англиски: place Албански: vendos
Примери:
Го сместија во интернат.
Го сместија во хируршко одделение.
3. Најде некому место за живеење.
Англиски: accommodate Албански: vendos, strehoj
Примери:
Го смести брата си во нов стан.
4. (се смести) Најде за себе доволно место.
Англиски: place Албански: vendosem
Примери:
Се сместивме во првото купе.
5. (се смести) Најде место за живеење, се усели.
Англиски: accommodate Албански: vendosem
Примери:
Се сместија на вториот кат.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК