а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

смени

сменија; сменив, сменивме; сменил, сменила, сменило; смениле; (ќе) сменел; сменеше; сменет
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2468
1. Замени нешто.
Англиски: change Албански: ndryshoj
Примери:
Смени ја кошулата, зашто ти е нечиста.
Го сменивме станот.
2. Отстрани од некоја должност, симне, собори.
Англиски: exchange Албански: shkëmbim
Примери:
Го сменија раководителот на продавницата.
Го сменија претседателот.
3. Ослободи од некои обврски што се исполнуваат на смени; замени на работа.
Англиски: replace Албански: rivendos
Примери:
Ги сменивме стражите.
Го сменив дежурниот.
Шоферот беше уморен, па јас го сменив.
4. (обично во 3 л.) - Појави се на местото од нешто што исчезнува.
Англиски: change Албански: ndryshoj
Примери:
Дождливата пролет ја смени топло лето.
Ноќта ја смени ден.
5. Даде едно нешто за друго.
Англиски: exchange Албански: shkëmben
Примери:
Ја сменив кошулата за чорапи.
6. (за пари) размени
Англиски: exchange Албански: shkëmben
Примери:
Сменив долари во денари.
7. (се смени) Замени еден друг на некое место, должност.
Англиски: change Албански: ndërroj
Примери:
Се сменија учителите.
8. (се смени) Се ослободи од обврски што се исполнуваат на смени.
Англиски: replace Албански: ndryshoj
Примери:
Само што се сменија стражите, нешто згрме.
9. (се смени) Се замени со нешто.
Англиски: change Албански: ndryshoj
Примери:
Се сменија в лице.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК