а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

смеа

мн. смеи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1083
1. (само едн.) Карактеристични звуци како израз на радост, веселост.
Англиски: laughter Албански: gaz, qeshje
Примери:
Се слушаше смеа.
заразна смеа
ѕвонлива смеа
гргорлива смеа
2. подбив, потсмев
Англиски: mockery Албански: përqeshje, tallje
Примери:
Им служи за смеа.
Го зедоа на смеа.
3. шега, виц
Англиски: joke
Примери:
Ги исцрпивме и прикаските и смеите, па легнавме да спиеме.
Изрази
Не ми е до смеа - имам проблеми.
Пукне од смеа (се скине, скапе) - се смее многу.
На смеа - на шега, несериозно.