а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

служба

мн. служби
Вид збор: Именка, женски род
1. Работа, должност на службеник.
Англиски: duty Албански: shërbim
Примери:
Стапи на служба.
Бара служба.
Му ја откажаа службата.
Ја смени службата.
2. службен долг
Англиски: duty Албански: detyrë
Употреба: Разговорно
Примери:
Собра раменици и рече: извини, но тоа не ми е служба.
3. Исполнување на воената обврска, престој во армијата.
Англиски: service Албански: shërbim
Примери:
Службата во армијата.
Ја заврши воената служба.
4. Вршење црковен обред.
Англиски: religious service Албански: shërbime fetare
Употреба: Религија
Примери:
божја служба
црковна служба
5. Оддел, сектор на некоја установа, организација; оддел на производството.
Англиски: service Албански: shërbim
Употреба: Административен термин
Примери:
Санитетската служба на армијата.
комерцијална служба
метеоролошка служба
разузнавачка служба
6. работење, служење
Англиски: service Албански: shërbim
Примери:
Во служба на мирот.
Во служба на татковината, вистината и сл.
7. слава
Англиски: celebration Албански: festim
Употреба: Црковен термин
FlexiMac
 менување на македонски глаголи