а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

скрие

скријат; скриј, скри, скријте; скрив, скрија; скрил, скриле; скриев, скриеја; скриел; скриен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1151
1. Направи незабележливо, невидливо.
Англиски: hide Албански: fsheh
Примери:
Кај ќе го скриете житото?
Облаци го скрија сонцето.
2. За чувство, состојба - не даде можност да се забележи.
Англиски: conceal Албански: fsheh
Примери:
Само мајката не можеше да ја скрие својата болка.
Требаше да ја скрие возбудата.
3. Даде тајно убежиште некому.
Англиски: hide Албански: strehoj
Примери:
Бегалците ги скриле во визбата.
4. Зачува во тајна, премолчи, затаи од некого.
Англиски: conceal Албански: fsheh, mban sekret
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ќе скриеме од татка ти дека си го скршил прозорецот.
5. (се скрие) Најде за себе тајно убежиште.
Англиски: hide Албански: fshehem
Примери:
Се скриле длабоко во шумата.
6. (се скрие) Стане невидлив, незабележлив.
Англиски: hide Албански: zhdukem
Примери:
Ништо не можеше да се скрие од него.
7. (се скрие) Остане незабележлив.
Англиски: hide Албански: fshehem, zhdukem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Месечината се скри зад планината.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК