а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

скисне

(се) скиснат
Вид збор: Глагол, свршен
1. За тесто - нарасне под дејство на квасец.
Англиски: sour Албански: thartoj
Употреба: Гастрономија
Примери:
Тестото уште не скиснало.
Лебот скиснал, втасал за печење.
2. За храна - се скисели, добие лош вкус, се расипе.
Англиски: spoil Албански: thartoj, prishë
Употреба: Гастрономија
Примери:
Скиснало виното.
Манџата се скиснала.
3. се онерасположи, се намршти
Албански: thartoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Што си се скиснал?
Се скисна кога ја прими лошата вест.
4. Многу долго заседне, остане некаде.
Албански: mbetem, kalbem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Оди, викни го, скисна таму.
Изрази
(разг.) Да ти скисне расолот! (блага клетва)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи