а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сепарира

сепарираат; сепарирал; сепариран; сепарирајќи
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 37210
1. Оддели, одделува едно нешто од друго.
Англиски: separate Албански: separoj, ndaj
Примери:
Тука го сепарираме пластичниот отпад од металниот.
Рудата ја сепарираме со помош на вода.
Овошјето се сепарира по големина.
2. (се сепарира) Се оддели, се одделува од другите; тежнее да биде сам, да работи, живее одделно од другите.
Англиски: separate Албански: separoj, ndaj
Примери:
Тој секогаш се сепарира од другарите.
Изведенки
сепарирање ср.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК