а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сепак

Вид збор: Сврзник
Ранг: 1041
1. И покрај сѐ, при сѐ тоа - за поврзување реченици меѓу кои се воспоставува спротивен сооднос, кој може да биде силно или послабо изразен; за изразување спротивно од очекуваното, со значење: и покрај тоа што.
Англиски: nevertheless
Примери:
Сепак тој ќе дојде.
Иако не беше задоволен, сепак ја прифати поканата.
Таа многу сакаше да учи, сепак не се запиша на факултет.
2. Како лексички конкретизатор зад некој спротивен сврзник, за потсилување на спротивноста, во состави од типот: а сепак, но сепак, ама сепак и сл.
Англиски: still
Примери:
Многу сакаше да дојде, но сепак не дојде.
Многу сакаше да зборува, а сепак не рече ништо.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК