а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сврши

свршуваме; свршија, свршете; свршил; свршиле
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1889
1. Приведе нешто до крај.
Англиски: finish Албански: mbaroj
Примери:
Ја сврши работата.
Уште не ја свршил задачата.
(разг.) Сврши нашето! Сврши со него.
2. Истроши нешто наполно.
Англиски: expend Албански: shpenzoj
Примери:
Ги сврши татковите пари.
Го свршивме веќе сирењето.
3. Заврши школување.
Англиски: complete Албански: përfundoj
Примери:
Сврши гимназија.
Сврши медицина.
4. Тури крај на нешто.
Англиски: finish Албански: përfundoj
Примери:
Сè така ќе ја свршеше играта.
5. Стигне до својот крај.
Англиски: end Албански: fund
Примери:
Гледајте, онаму ќе сврши шумата.
6. Тури крај на животот.
Англиски: finish Албански: mbraoj
Примери:
Така ќе сврши, на улица.
7. (се сврши) заврши
Албански: mbaroj
Примери:
Добро се сврши.
8. Договори свршувачка.
Англиски: engage Албански: angazhoj
Примери:
Го свршила сина си.
9. (се сврши) Даде збор.
Англиски: engage Албански: angazhoj
Примери:
Се сврши пред една недела.
Изведенки
1. свршува несв.
свршуваат
2. свршување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи