а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

свитка

свиткаат; свиткав, свиткавме; свиткан
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4920
1. Придаде на нешто форма на дага, лак, наклони кон земјата.
Англиски: bend Албански: ulem
Примери:
Ќе успееш ли да ја свиткаш прачката?
2. изврти, искриви
Англиски: roll Албански: dredh
Примери:
Полека, полека ѝ ја свитка папката.
3. Завие нешто во вид на траба.
Англиски: roll Албански: mbështjell
Примери:
Ќе свиткаш една цигара?
4. Завие едно нешто со друго.
Англиски: wrap Албански: lidhë
Примери:
Свиткај ми го сендвичот во салфета.
5. (се свитка) Се искриви во вид на лак.
Англиски: bend Албански: lakoj
Примери:
Се свиткал како старец.
6. (се свитка) Прими форма на дага, се наклони кон земјата.
Англиски: bend Албански: merr fomë
Примери:
Потпри го дрвцето, зашто ќе се свитка.
7. (се свитка) Изврти, искриви; се наведне над нешто.
Англиски: bend Албански: lakoj
Примери:
Му се свитка раката.
Се свитка над житото.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи