а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

свест

(едн.) свеста
Вид збор: Именка, женски род
1. Способност на човека да ја восприема стварноста што го окружува.
Англиски: awareness Албански: vetëdije, ndërgjegje
Употреба: Медицина
Примери:
Одвај му се врати свеста.
Загуби свест.
(разг.) Ми се вие (врти) свеста.
2. Осознавање на општествениот живот од страна на човекот или група луѓе.
Англиски: consciousness Албански: vetëdije
Употреба: Политика
Примери:
Општествена свест.
Издигање на политичката свест.
3. Во филозофијата, психологијата - процес на одразување на стварноста од страна на мозокот на човекот; психологијата, политичките и филозофските погледи на луѓето како претставници на определени класи.
Англиски: consciousness Албански: vetëdije
Употреба: Филозофија
Примери:
Вторичноста на свеста.
4. Јасно поимање на нешто и консеквенциите на сопствените дела.
Англиски: awareness Албански: ndërgjegjësim
Употреба: Правда
Примери:
Свест за своите права и должности.
Го потпишал тестаментот при полна свест.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи