а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сведок

мн. сведоци
Вид збор: Именка, машки род
1. Лице што присуствувало лично на извршувањето на нешто, посматрач на нешто.
Англиски: witness Албански: dëshmitar
Примери:
Тој е сведок дека делото го извршил старецот.
По прикажувањето на сведоците.
Тој е сведок на неговата слава.
(разг.) Жив сведок.
2. Лице што дава пред суд изјави по некој процес, дело и сл.
Англиски: witness Албански: dëshmitar
Употреба: Правда
Примери:
Утре ќе почне распитувањето на сведоците.
Го повикаа за сведок.
3. Лице што присуствува на нешто, обично на склучување брак, заради официјално потврдување на правилноста.
Англиски: witness Албански: dëshmitar
Примери:
Двајца сведоци и бракот е склучен.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи