а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сведе

сведат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Доведе, одведе долу.
Англиски: lead Албански: udhëheq
Примери:
Сведи ме долу крај село.
2. Со скратување, упростување доведе до нешто неголемо; со упростување замени нешто со помалку значително, сериозно.
Англиски: reduce Албански: redukoj
Примери:
Работата ја сведе на неколку часа дневно.
Ја сведе контролата на формалност.
(разг.) Сведе на нула.
3. (се сведе) Се намали до некој размер, се ограничи, се редуцира.
Англиски: reduce Албански: redukoj
Примери:
Одделението се сведе на петмина.
Неговата улога се сведе на неколку реченици.
4. (се) сведне
Англиски: bow Албански: përkul
FlexiMac
 менување на македонски глаголи