а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

свари

сварат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Приготви или добие нешто преку варење.
Англиски: cook Албански: gatuaj
Примери:
Сакаше да им свари грав за ручек.
Свари им по едно кафе.
(разг.) Го свари гравот.
2. За желудник, преработува.
Англиски: digest Албански: tretet
Употреба: Медицина
Примери:
Tоа е тешка храна, неговиот желудник не ќе може да ја свари.
3. сфати, разбере, усвои
Англиски: digest Албански: mësoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ова не можам никако да го сварам.
4. (се свари) Стане готово за употреба по варењето.
Англиски: cook Албански: gatuaj
Примери:
Се свари ли веќе јадењето?
5. (се свари) Од жештина, горештина.
Албански: nxeh
Употреба: Разговорно
FlexiMac
 менување на македонски глаголи