а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

само

Вид збор: Прилог
1. Точно толку, не повеќе.
Англиски: only Албански: vetëm
Примери:
Имаше десетина мажи и само една жена.
Уште само еден момент.
2. постојано, непрекинато
Англиски: permanently
Примери:
Учениците само го прашуваа.
3. одвај
Англиски: barely
Примери:
Само што влезе, веднаш го пречекаа со прашања.
4. Во одречни реченици за засилување на претставата за количеството или обемот на нешто; во реченици што изразуваат пожелба за засилување на претставата за пожелноста или можноста на некој факт; во заповеден начин му придава на изразот значење на закана; за израз на сожалување - жално.
Примери:
Кој само не бил кај него.
Само да положи, па ќе биде добро.
Само ако ми дојдеш!
Ништо не стана, само што дојдов.
5. во изрази
Примери:
само и само да јаде нешто.
само да...
6. Во состав со именки како вода, кал, прашина; означува дека нешто е сосем водено, извалкано и сл.
Англиски: only
Примери:
Само кал е.
Само вода сум.
7. уште
Англиски: only
Примери:
Само да се собереме сите и одиме.
Само да ја заклучам вратата и ќе слезам.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи