а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сака

сакаат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Има желба за нешто, чувствува потреба од нешто.
Англиски: wish Албански: dëshirë
Примери:
Ако сакаш, дојди со нас.
Сакам да те прашам.
Детето сака да јаде.
(разг.) Ако сакаш.
Како што сакаш.
Без да сака.
сакаш-нејќеш
Што сака нека биде!
Што сакало било!
2. Има намера да направи нешто.
Англиски: intend Албански: ndërmend
Примери:
Сакаше да ги покани на ручек.
Многу сакаше - малку направи.
Не сакајќи - без намера.
3. бара, изискува
Англиски: want Албански: kërkon
Примери:
Што сакаш ти уште?
4. љуби
Англиски: love Албански: dashuron
Примери:
Само него го сакам.
Ако ме сака, и јас ја сакам.
Си ја сака работата.
5. посакува
Англиски: wish Албански: dëshiron
Примери:
Од сè срце сакам да положиш.
Ти сакам сè најубаво.
6. треба
Англиски: want Албански: nevojë
Примери:
Сака да се јаде, да се пие.
Месо не сака да јаде.
Сакам веќе да си одам.
7. побара, тражи
Англиски: want Албански: kërkon
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Чевларот му сакал сто денари.
Го сакам детето, ама не можам да го најдам.
8. (ми, му, им се сака) по волја, по ќеиф
Англиски: desire Албански: qejf
Употреба: Безлично
Примери:
Така му се сакаше.
9. (се сака) се љуби
Англиски: love Албански: dashuron
Примери:
Три години се сакаа.
Повеќе не се сакаат.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи