а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сад

мн. садови
Вид збор: Именка, машки род
1. посатка
Англиски: bowl Албански: enë
Употреба: Општество
Примери:
Немаа никакви садови.
Ракијата има реа на садот.
Измие садови.
сад за вода
дрвени, емајлирани, земјани, стаклени садови
бакарен сад
(во физиката) врзани садови
2. Во анатомијата - орган во телото на луѓето и животните по кој се движи крвта или лимфата.
Англиски: vessel Албански: enë
Употреба: Анатомија
Примери:
крвни садови
лимфатични садови
3. Кај растенијата - трубичка од ќелии по кои се движи водата.
Англиски: vessel Албански: enë
Примери:
растение со многу садови
4. Новозасадено лозје (до 3 години).
Англиски: vineyard Албански: vreshtë
Употреба: Земјоделство
5. овоштарник
Англиски: orchard Албански: pemishtë, kopsht i pemëve
Употреба: Земјоделство
Изрази
(посл.) Киселината лута на садот свој му носи штета.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи