а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

рѓа

(едн.) рѓата
Вид збор: Именка, женски род
1. Црвеникав оксид по површината на железо.
Англиски: rust Албански: ndryshk
Употреба: Хемија
Примери:
Креветиве фатиле рѓа.
2. Болест по лисјата на некои растенија.
Латински: Puccinia Англиски: leaf rust Албански: gjeren
Употреба: Ботаника
Примери:
Има рѓа по житото.
3. непрокопсан човек
Англиски: crook Албански: ndryshk, pis
Употреба: Преносно значење , Ретко
Примери:
Поголема рѓа од него нема.
Изрази
(посл.) Фалбата е рѓа.
(посл.) Чистото злато рѓа не фаќа.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи