а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

руба

(едн.) рубата
Вид збор: Именка, женски род
1. облека, алишта
Англиски: dress Турски: ruba Албански: veshje
Примери:
Направи ми една машка руба.
Облечи ја мојава руба.
комитска руба
чиста руба
зетовска руба
2. невестинска спрема
Англиски: dowry Албански: prikë, veshje nusrie
Примери:
Ми донесе три товара руба.
Сватовите ја товараат невестинската руба.
3. Обичај во некои краеви во Македонија – 7 дена пред свадбата роднините и пријателите на невестата одат кај младоженецот со подароци.
Англиски: gift Албански: çeiz, dhuratë
Употреба: Дијалектен збор
Изрази
(посл.) Руба краси, руба гнаси - облеката го прави човека.
Изведенки
1. рубичка ж.
мн. рубички
дем. и хип.
2. рубиште ср.
мн. рубишта
аугм. и пејор.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи